за

Ford Focus е најпродаван во свет

Долги години Toyota Corolla беше најпродаван автомобил на светот. Но, во 2012 година Ford ги симна Јапонците од тронот. Меѓу десетте најголеми моделски серии на светот има неколку големи изненадувања

Во 2012 година, Ford Focus се продаде во најмногу примероци во светот. Конкретно се работи за 1.020.410 примероци, што е за 147.000 возила повеќе од Toyota Corolla. Голема заслуга за глобалниот успех на Focus има Кина. Дури 300.000 примероци се продадени на растечкиот пазар во најбројната земја на светот. Покрај актиелната генерација, на кинескиот пазар се продава и претходниот модел по мошне достапни цени. Ford го има и третото место, со серијата пикапи F, која што со години е најпродавана моделска серија во САД. Но, и Fiesta е тука од истата марка, на шестото место.

Европскиот бестселер Golf, на глобално ниво е само на седмото место. Изненадување е четвртото место на Wuling Rongguang, ван кој се произведува во Кина и произлегува од соработката со General Motors. Нова марка меѓу десетте најголеми е Honda, дури со два модела. Компактниот Civic е на деветтото место, а спортскиот теренец CR-V го затвора списокот на десетте најпродавани модели во светот.

Глобалните бестселери во 2012 година

Марка и модел Примероци во 2012
1 Ford Focus 1.020.410
2 Toyota Corolla 872.774
3 Ford F-series 785.630
4 Wuling Rongguang 768.870
5 Toyota Corolla 729.793
6 Ford Fiesta 723.130
7 Volkswagen Golf 699.148
8 Chevolet Cruze 661.325
9 Honda Civic 651.159
10 Honda CR-V 624.982

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti во погрешна брзина

Trax во Србија од 16.399 евра