за

Bugatti во погрешна брзина

Кој е најбрзиот сериски автомобил на светот? Bugatti! Можеби не. Американската марка Hennessey тврди дека нивниот е најбрз. Сега се вмеша и Гинис.

Во летото 2010 година, Bugatti Veyron 16.4 Super Sport бркаше рекорди на тест патеката на Volkswagen во Прованса. Официјалните лица од Гинисовите Светски Рекорди го впишаа новиот рекорд во книгата. Тие измерија 431 километар на час. Никој друг сериски автомобил дотогаш не возел толку брзо.

Престижната марка сега може да остане без круната. Моделите на суперболидот со 1200 КС, од безбедносни причини се ограничени на 415 километри на час. Според правилата, уличната верзија мора да е идентична со верзијата за уривање рекорди. Оттаму, деактивирањето на брзинското ограничување е против правилата. Светскиот рекорд на Bugatti повеќе не важи.

Bugatti не противречи дека ограничувањето било деактивирано. Титулата сега може да ја преземе ривалот од САД. Марката Hennessey тврди дека тие го имаат најбрзиот сериски автомобил на светот. Американците објавија видео на кое што се гледа како Venom GT лета со 427 km/h. За разлика од Bugatti, Hennessey нема ограничување на брзината. Секој што ќе го купи Venom GT може теоретски да го повтори рекордот.

hennessey venom gt
Hennessey веќе се фали со титулата најбрз автомобил на светот за Venom GT

Но, ниту за Hennessey не е толку сјајно. На спринтот до 427 km/h на воен аеродром во Калифорнија не присуствуваше официјално лице од Гинис. Официјално, возилото за рекорд мора во рок од еден час да мине двапати низ сензорите, во две различни насоки. Кај Bugatti двапати беше потврдено: 431 километар на час.

Според тоа, на Hennessey уште не му се важи рекордот. Во Гинис се збунети и размислуваат да повикаат експертска помош однадвор. Можно е Shelby Ultimate Aero повторно да се најде на врвот, додека некој официјално го собори рекордот од 412 km/h од 2007 година.

Во секој случај, имиџот на Bugatti е начнат. Специјалната серија на рекордерскиот автомобил со црно портокалова каросерија се изработе во само пет примероци. По цена од 1,95 милион евра за возило, тие веќе одамна се распродадени.

Колку од петте сопственици на Gran Sport го испробале крајното темпо не е познато. Пјер Анри Рафанел, кој во 2010 година седеше зад воланот на рекордерскиот автомобил, објасни какво е чувството: „Ми беше страв. Брзини од преку 400 km/h се подрачје во кое што автомобилите нема што да бараат.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Убаво и опасно

Ford Focus е најпродаван во свет