за

Ford Fiesta е најпродаван модел во класата

Во март и во првите три месеци од годинава Ford Fiesta се продаваше најдобро во класата на малите автомобили. По едно ново возило се продава на секои две минути.

Во првиот квартал Ford продаде вкупно 77.800 примероци од Fiesta, односно дури 41.600 примероци само во месец март. Со кварталниот резултат, малечкиот модел на Ford е 14.000 примероци пред второпласираниот модел во продажбата во Европа. Ако сите продадени примероци од Fiesta се наредат едноподруго, колоната ќе биде долга 308 километри.

Купувачите имаат избор од седум погонски единици, вклучувајќи го и еднолитарскиот мотор Ecoboost, кој беше прогласен за Светски мотор во 2012 година. Секоја четврта Fiesta вози со овој мотор. Од Ford се мошне темелни со статистиките и наведуваат уште дека најпопуларна боја е белата, со учество од 23 проценти во продажбата, односно дури 40 проценти во Грција. Другите две најбарани бои се црната и сребрената. Ентериерот е најчесто во црна боја, или поточно 55 проценти од купувачите ја избираат оваа боја.

Во минатата година, Fiesta беше најпродаван модел во класата со 723.130 примероци продадени на глобално ниво, а првото место ѝ припадна и во Европа, каде што беа продадени 306.405 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Трицилиндарски мотори ги освојуваат сите класи

Citroen одбележува 45 години од претставувањето на Mehari