Ford EcoSport: Моделско освежување и нов модел „S“

Со модификациите најавени за јуни, бразилскиот EcoSport повеќе се приспособува според вкусот на европските купувачи

Компактниот кросовер EcoSport доби подобрувања во неколку детали, а наскоро ќе му се придружи и варијантата S со спортски изглед. Подготовка за скорото пристигање на Honda HR-V и Mazda CX-3.

Ford во текот на летото ќе започне со продажба на својот најмалечок теренец EcoSport, којшто ќе биде освежен со нови дизајнерски елементи, подобрени возни својства и побогата опрема. Промените во ентериерот опфаќаат нова хромирана маска на арматурната табла и хромирани прекинувачи за прозорците. Променета е и положбата на паркирната сопирачка, заради полесен пристап во ентериерот. Работата на системите за контрола на стабилноста, како и на електричното сервоуправување исто така се оптимирани според европските услови. Истото важи и за модифицираните пружини и амортизери, вклучувајќи и висина на возилото намалена за десет милиметри. Купувачите во иднина ќе можат да нарачаат верзија без резервно тркало на задниот капак. Сите овие промени имаат за цел да го „европеизираат“ кросоверот што Ford го разви за бразилскиот пазар.

Подобрена звучна изолација, повредни материјали и побогата опрема за европскиот пазар за EcoSport
Подобрена звучна изолација, повредни материјали и побогата опрема за европскиот пазар за EcoSport

Во „пакетот за Европа“ спаѓа и примена на подобри изолациски материјали во вратите и арматурната табла, како и потемелна изолација во подрачјето на педалите, што резултира со намалено ниво на бучност и вибрации во кабината. Промени има и во моторите. Дизелот TDCi во иднина ќе развива 95 место 90 КС.

Концептната верзија Ford EcoSport S од тековниот салон во Женева се очекува да пристигне во продажните салони уште во текот на годинава. Компактниот кросовер соединува подвижност и економичност на компактен автомобил, со просторна понуда и приоспособливост на теренски автомобил, а верзијата S ќе додаде и поубедлив стилски настап. Црниот покрив и ретровизорите во истата боја, како и впечатливите алу-бандажи од 17 инчи прават силен контраст со каросеријата. На тоа се надоврзуваат спортски дифузор во задниот браник и затемнети задни прозорци.

Купувачите отсега можат да изберат верзија со резервно тркало на задниот капак или „нормална“ верзија
Купувачите отсега можат да изберат верзија со резервно тркало на задниот капак или „нормална“ верзија

Претходна објаваBMW Z4 GLTM за 40-годишнината од првата победа во Себринг
Следна објаваЗаварувањето е минато: Лепењето е новото „заварување“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here