за

BMW Z4 GLTM за 40-годишнината од првата победа во Себринг

Пред точно четири децении, BMW Motorsport ја постигна првата победа во Себринг. Во таа чест, тркачките болиди на BMW ќе се појават на утрешната трка бојадисани во стил на легендарниот 3.0 CSL од 1975 година.

Утре тркачкиот тим на BMW ќе стартува на 63-то издание на легендарната 12-часовна трка во Себринг, САД. Тимот и филијалата на BMW во САД притоа ќе одбележат значаен јубилеј – четириесет години од првата победа во Себринг со BMW 3.0 CSL. Во таа чест, обата тркачки автомобила BMW Z4 GLTM ќе настапат во посебни бои на трката. Возилото со стартен број 25 ќе ги носи боите на победничкиот BMW 3.0 CSL од 1975 година. BMW денес премиерно го претстави возилото во рамките на „Натпреварот во елеганција на островот Амелија“, на Северот на Флорида.

Годината 1975-та е важна во историјата на BMW во Северна Америка. Тогаш е основана филијалата на германската марка, а неколку денови подоцна се случи и историскиот прв триумф со BMW 3.0 CSL во Себринг. Откако „Американците“ ги освоија второто и четвртото место во класата GLTM на отворањето на сезоната во Дајтона, тимот на BMW верува дека во оваа година ќе испише исто толку значајно поглавје во историјата како пред 40 години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возењето велосипед го зајакнува грбот

Ford EcoSport: Моделско освежување и нов модел „S“