за

Ford ја стартува продажбата на EcoSport преку фејсбук

Со серија ограничена на 500 примероци стартуваше продажбата на мини теренецот EcoSport. Посебното е во тоа што овие примероци ќе може да се нарачаат само преку социјалната мрежа.

Класичната салонска продажба на автомобили полека добива конкуренција во интернет дилерите кои нудат големи попусти. Тоа прераснува во горлив проблем за производителите и за дилерите. Ford реши да постапи според правилото дека нападот е најдобра одбрана и сам стартуваше со продажба на возила преку интернет. За почеток, воведната серија од 500 примероци од новиот мини теренец EcoSport ќе биде достапна само преку интернет. Дури откако ќе се распродаде оваа серија ќе стартува редовната салонска продажба на моделот.

Во Германија, специјалната воведна серија на EcoSport чини 19.950 евра, што е 3.390 евра помалку од редовната цена, кога ќе се земе во предвид цената на дополнителната опрема во Limited Edition. Мини теренецот вози по оваа цена со 1,0-литарски EcoBoost со 125 КС. Во опремата меѓу другото спаѓа и AppLink, односно апликација со која што може да се ракува со мобилниот телефон за време на возењето преку говорна команда.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi ја зголемува продукцијата на хибридниот Outlander

Електричниот Volkswagen Up чини 26.900 евра