Во фабриката на Mitsubishi во Оказаки започна производството на хибридната изведба на Outlander. Во Јапонија за неполна година се продадоа 8.000 примероци, двојно повеќе од планираното.
Со цел да го задоволи растечкиот интерес на домашниот и на меѓународниот пазар за верзијата на спортскиот теренец Outlander со хибриден погон, Mitsubishi ги удвои производствените капацитети на 4.000 возила месечно, односно на околу 50.000 возила на годишно ниво.
Во Европа, според прогнозите најголем пазар за хибридни возила со надворешно полнење на батериите, од декември 2012 година се примени преку 10.000 нарачки за Outlander PHEV. Продажбата во Европа ќе стартува во октомври со пазарите каде што овие возила учествуваат со поголем удел, односно прво во Скандинавија и Холандија, а потоа ќе следат и другите пазари.