Ford најавува отворање на „Vignale Lounges“

Од следната година, луксузните модели „Vignale“ на Ford ќе добиваат специјален сервисен третман, но ќе се отвораат и луксузни изложбени салони наменети само за овие возила.

Како што претходно најави, од следната година Ford ќе започне со продажба на нова луксузна линија на одредени модели од својата понуда под името Vignale, вклучувајќи ги првенствено новите генерации на Mondeo и на S-Max. Покрај тоа што овие возила ќе поседуваат луксузно ниво на опрема и врвен квалитет на завршна изработка на ентериерот, за нив се предвидуваат и специјални сервисни услуги, но и посебно уредени „Vignale Lounges“. Нивниот дизајн ќе се раководи според централните дизајнерски елементи на новата лукзусна линија Vignale, позиционирана многу повисоко од актуелното врвно ниво Titanium.

ford vignale 137619813

За дизајнот на салоните за Vignale ќе се погрижи истиот дизајнерски тим што стои и зад нивото на опрема Vignale. Овие салони ќе се отвораат во рамките на новите „Ford-Stores“, што производителот ќе ги отвори во најголемите европски метрополи и кај посебно избрани дилери. Амбиентот на салоните ќе биде изведен со истите елементи од Vignale, како на пример мека кожа што е пријатна на допир, специјални бои и висок квалитет на изработка на просторијата.

ford vignale 137629813

Со салоните за Vignale ќе раководат и специјално обучени менаџери. Концептот предвидува и посебни сервисни услуги, како испраќање на шофер за преземање и враќање на возилото при сервисирање, обезбедување на резервно возило од истата категорија додека сопственото е во сервис, па сé до темелно миење на возилото и одржување на ентериерот. За контакт со службата за Vignale ќе се одреди централна телефонска линија, која што понатаму ќе ја организира услугата без ангажирање на сопственикот на возилото.

Ford веќе ги претстави и производите од колекцијата Vignale, во која што влегува и патната чанта „Vignale Weekender“, добитник на „Наградата за дизајн од iF“ за оваа година. Понудата опфаќа и дамска чанта изработена од ексклузивна кожа, паричник и футрола за телефон. Свилените шалови и машни се произведуваат рачно во Италија.

Претходна објаваСпецијална серија на Opel Adam дизајнирана од Брајан Адамс
Следна објаваPorsche го претстави новиот 911 Carrera GTS со 430 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here