Уште еден (не)класичен двобој на автомобил против мотоцикл. KTM Super Duke се натпреварува против најсилниот Ferrari, но притоа секој „влече“ на својата страна – меѓусебно врзани со сајла.
Како некој дошол до идејата да ги спротивстави Ferrari LaFerrari и KTM 1290 Super Duke R во натпревар во влечење јаже е тешко да се претпостави. Но, велат дека секое искуство е корисно и во тој поглед можеме да им заблагодариме на организаторите на овој некласичен двобој на автомобил против мотоцикл. Нема да биде никакво расипување на забавата, ако се наведе дека исходот завршува според очекуваното, логичното.
Но, борбата до разрешницата е многу поостра отколку што може да се препостави. Супербајкот со 170 КС и тежина од 190 килограми воопшто не му ја олеснува работата на суперавтомобилот од Маранело, со 960 КС и тежина од околу 1,5 тон. Цела една минута му е потребна на LaFerrari да излезе како победник. Секако дека подеднакво важен момент во целото сценарио претставува и дворецот пред когошто се одвива овој историски двобој.
















