за

Ferrari ќе ја смали продажбата заради поголема ексклузивност

Италијанската марка ќе ја ограничи продажбата на помалку од 7.000 возила во тековната година со цел да ја задржи ексклузивноста на марката.

Тоа го најави претседателот Лука ди Монтеземоло на стратешката презентација во седиштето на Ferrari во Маранело, додавајќи: „Ја донесовме оваа одлука заради нејзината важност за културата на продажба. Дилерите мора да разберат дека е важен квалитетот, не само квантитетот.“

Ferrari планира да ја зголеми профитабилноста со специјални надградени изведби на нивните модели и во исто време ќе ја ограничи нивната достапност на пазарот. Марката со дивото коњч продаде 7.318 возила во минатата година. Добивката во првото тримесечје се зголеми за 43 проценти, со вкупно 80 милиони евра, за што придонесоа растечката продажба и придонесите од лиценци и преработки на нивните модели.

Во оваа година марката од Маранело ќе вработи 250 лица, од кои 200 ќе изработуваат мотори за Maserati, како дел од плановите на мајката Fiat да се засили продажбата на поскапите модели и да се компензираат загубите кај марките од големосериското производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota со годишен профит од 7,4 милијарди евра

Освежени кабриолетот и купето од класата Е на Mercedes