Ferrari подготвува освежување за F12 Berlinetta за 2016

В година пристига фејслифтот на Ferrari F12 Berlinetta, со уште поголема моќност и намалена тежина. Тоа ќе обезбеди уште поспектакуларни перформанси за верзијата што веројатно ќе ја понесе ознаката Speciale.

Ferrari планира освежување на моделот со дванаесетцилиндарски мотор F12 Berlinetta за следната година. Вообичаено е овој модел да биде претставен во следната пролет, на салонот во Женева. Се очекува дека освежениот модел ќе ја понесе дополнителната ознака Speciale. Во моментов прототипи од идниот модел се тестираат во Маранело.

Дванаесетцилиндарскиот модел беше претставен во 2013 година како наследник на Ferrari 599
Дванаесетцилиндарскиот модел беше претставен во 2013 година како наследник на Ferrari 599

Промените во дизајнот се во функција на аеродинамиката

Промените во дизајнот најмногу ќе ги зафатат предниот и задниот дел од возилото, во насока на подобрување на аеродинамиката на каросеријата и во согласност со триковите што експертите за ова подеднакво важно подрачје ги имаат применето кај поновите модели на Ferrari. Краевите на маската ќе завршуваат незначително повисоко од досега, додека на предната хауба ќе има два странични отвори за доведување воздух место еден попречно поставен отвор. На маскираните прототипи можат да се забележат и три дополнителни отвори за воздух над задните крила. Неколку промени следуваат и во изгледот, а со тоа и во функцијата на дифузорот.

Поголема моќност во спој со намалена тежина

Фановите секако ќе се интересираат најмногу за промените во погонската спрега. Засега само се претпоставува дека моторот V12 од 6,3 литри ќе зајакне на 780 КС. Во комбинација со намалената тежина, идниот F12 Speciale ќе постигнува и подбри перформанси од актуелниот модел. F12 Berlinetta беше претставен во 2013 година како наследник на Ferrari 599. Со сегашните 740 КС, дванаесетцилиндарецот го забрзува F12 за 3,1 секунди до сто и овозможува крајна брзина од 340 km/h. Цената на освежениот F12 може да ја премине границата од 300.000 евра. Актуелниот F12 чини 270.000 евра.

Претходна објаваИдната генерација на BMW M3 ќе вози со хибриден погон
Следна објаваМора ли бензинот да се добива од нафта: Кои се алтернативите?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here