за

Felino cB7 е толку брз што ретровизори не му се потребни

Што се случува кога поранешен тркач ќе конструира автомобил од соништата? Се добива бетмобил со застрашувачки изглед, камери место ретровизори и мотор од тркачка Corvette.

Канада е позната по прекрасните предели, сирупот од јавор и Џастин Бибер. Производството на автомобили не е меѓу обележјата на земјата. Тоа ќе го промени еден тркачки автомобил. Felino cB7 е конструиран од човек што се разбира во автомобили, особено во возењето брзи автомобили.

Felino-cB7-2

Поранешниот канадски тркач Антоан Бесет цел живот сонува да направи сопствен спортски автомобил. По повеќе од четири години напорна работа е готов првиот прототип, а серискиот автомобил би требало да се појави в година.

Застранувачки изглед на купето со 525 КС

Двоседот од карбон и рамка што исто така е изработена од карбон тежи само 1.100 килограми. Ретровизори нема, за поглед наназад се користат камери. Погонот доаѓа од осумцилиндарски мотор што се вградува во тркачките верзии на Chevrolet Corvette, со работна зафатнина од 6,2 литри и моќност од 525 КС. Освен моќниот осумцилиндарец, во Felino ќе се вградуваат и помали мотори со четири и шест цилиндри.

Моментно фирмата на Бесет врши обемни тестирања со протитипот со цел да се открие која техника ќе одговара најмногу за тркачките патеки, но и за обичните патишта. Бесет планира да изработи ограничена серија примероци за домашниот пазар, а подоцна ќе стартува и продажбата во целиот свет. Цената би изнесувала малку под 100.000 американски долари, односно околу 73.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Gran Coupe е поубавата „тројка“ на BMW

Mercedes подготвува кросовер на основа на Renault Captur