за

Facebook ќе ги води возачите до целта преку Waze

Најголемата социјална мрежа се подготвува за следниот крупен залак. Популарната апликација за навигација Waze може за многу кусо време да премине во сопственост на Facebook.

Според пишувањата на медиумите, Facebook преговара за купување на апликацијата за навигација Waze во вредност до една милијарда долари. Waze е корисничка база во која корисниците разменуваат информации за застоите, незгодите и полициските радари.

Компанијата Waze е основана во Израел и моментно има меѓу 40 и 50 милиони корисници. Апликацијата го пресметува патот врз основа на информации од корисниците и дејствува како еден вид интернет мрежа за возачите. Меѓу другото, станува збор за една од апликациите кои шефот на Apple, Тим Кук, ги предложи минатата година како алтернатива на првата сопствена картографија на концернот iPhone, откако истата се покажа релативно  проблематична.

Waze ќе овозможи корисниците да имаат пристап на Facebook и во автомобил, со што дополнително ќе се зголеми базата на корисници. Во исто време апликацијата ќе посредува и во пренесување на локални реклами. Купувањето на Waze ќе му донесе нови поени на Facebook во борбата со Google. Картографијата е еден од темелите на гигантот меѓу машините за пребарување. Основачот на Waze, Ноам Бардин, објаснува дека „Картите на мобилните уреди се исто што пребарувањето е на интернет.“ Waze се финансира главно од локални реклами.

Facebook се ориентира на мобилни телефони и таблети, поради тоа што постојано расте уделот на корисници кои пристапуваат на мрежата од преносни уреди. Парите доаѓаат исклучиво од реклами и мора да се бараат нови форми за тоа. Доколку Waze се продаде за една милијарда евра, тоа ќе биде најскапата зделка на Facebook.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai планира четврта фабрика во Кина

Mitsubishi Outlander е најбезбеден според тестирањата во Јапонија