Hyundai планира четврта фабрика во Кина

Корејците размислуваат за изградба на нова фабрика во странство како противмера на силната домашна валута, падот на јенот и проблемите со работната сила.

Изјавата на претседателот на компанијата Hyundai, Ксуе Јунг-синг, претставува отстапување од ставот на групацијата на марките Hyundai и Kia да не се прошируваат производствените капацитети и реализацијата на овие планови секако ќе зависи од одлуката на претседателот на групацијата. Според Јунг-синг, производствените капацитети во Кина ќе се исцрпат целосно до 2015/2016 година и соодветно на тоа ќе мора да се реагира со нова фабрика со капацитет за 300.000 возила годишно, за групацијата да го задржи пазарното учество од 10 проценти на кинескиот пазар, кој се очекува да порасне на 20 милиони возила годишно.

Моментно е во изградба третата фабрика на Kia во земјата, која ќе заврши до февруари 2014 и ќе го зголеми вкупниот производствен капацитет на партнерските марки Hyundai и Kia во Кина на 1,8 милион возила.

Наспроти тоа, Јужнокорејците се мошне претпазливи за отворањето нова фабрика во САД. Додека не се потврди финансиската сигурност, најавената изградба на фабрика во Алабама или Џорџија ќе остане во мирување. Растечката конкуренција и пазарната неизвесност се причините поради кои што се воведува ограничена политика на развој на клучниот пазар на кој што обете марки постигнаа брз растеж во последните години.

Претходна објаваAuto Bild го соочи Peugeot 208 GTI со конкурентите
Следна објаваFacebook ќе ги води возачите до целта преку Waze

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here