F-Pace е името на кросоверот на Jaguar

Мора да се најде место за кросоверот на Jaguar, капацитетите во Британија одвај ја задоволуваат побарувачката

Марката со дивата мачка ќе го претстави својот прв кросовер в година. F-Pace ќе има дизајн сличен на концептот C-X17 и во понудата на Jaguar ќе биде позициониран како „семеен спортски автомобил“.

Во 2016 година пристига првиот кросовер на Jaguar. F-Pace ќе им конкурира на Porsche Macan и BMW X3 со „најпросторна кабина во класата и исклучителни возни својства на асфалт“, наведува британскиот производител во денешното соопштение. Адут во погонот на сите тркала ќе биде технологијата All-Surface Progress Control, којашто преку сензори ја избира оптималната позиција на гаста и на степенот на автоматскиот менувач заради задржување на тракцијата на лизгава подлога при ниска брзина. Оваа технологија веројатно ќе се базира во голем дел на системот Terrain Response од марката сестра Land Rover. Се најавуваат и бројни други иновативни технологии, а секако и масовна примена на алуминиум во конструкцијата на каросеријата и во подвозјето, исто како кај останатите нови моделски генерации на Jaguar.

Најавата за F-Pace доаѓа во предвечерието на салонот во Детроит, којшто започнува во понеделник, иако моделот нема да биде прикажан на салонот. Промоцијата ќе се одржи во текот на годинава, веројатно веќе на салонот во Женева. Изгледот на кросоверот ќе се ориентира според концептот C-X17 што марката го прикажа премиерно во Франкфурт пред две години.
Техничката платформа за кросоверот доаѓа од лимузината XE, новиот модел на Jaguar од средната класа, чијашто продажба во Европа ќе стартува во мај. XE има клучна улога во проширувањето на гамата на Jaguar, откако последната генерација на X-Type базирана на Ford Mondeo се покажа како голема утка, поради слабиот интерес на пазарот. Подоцна годинава се очекува и премиерата на новата генерација на XF.

Продажбата на Jaguar во минатата година се зголеми за 6 проценти, на 81.570 возила, а со комерцијализацијата на новиот XE се очекува продажбата годинава да достигне преку 110.000 возила. По доаѓањето на F-Pace, во првата полна година на продажба на кросоверот, Jaguar веќе ќе очекува годишна продукција од 200.000 примероци во 2017 година. Jaguar инвестира 5,3 милијарди американски долари во проширување и обновување на гамата.

Изгледот на F-Pace ќе се ориентира според концептот C-X17 од Франкфурт, а погонската техника ќе потекнува од Jaguar XE
Изгледот на F-Pace ќе се ориентира според концептот C-X17 од Франкфурт, а погонската техника ќе потекнува од Jaguar XE

Претходна објаваДетроит Мотор Шоу: Големи очекувања од првиот салон во 2015
Следна објаваВака најлесно се вади мотор од Golf

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here