Детроит Мотор Шоу: Големи очекувања од првиот салон во 2015

Утре (12-ти јануари) се отвораат портите на првиот салон на автомобили во 2015

Во понеделник започнува салонот во Детроит. Продажбата на автомобили во САД во последните години се одвиваше одлично и постојат две причини за тоа.

Откако производителите на автомобили ги прикажаа последните технички играчки на салонот на електроника во Лас Вегас, претстои првото класично одмерување на силите во новата година. Во понеделник започнува салонот на автомобили во Детроит, еден од најважните салони на меѓународната сцена. Американската метропола две недели ќе биде бина на изложување на најновите модели и на трендовите во браншата.

Овогодишното одмерување на силите на производителите на автомобили ќе се одвива под знакот на евтините горива и на засилениот пазар во САД. Во минатата година продажбата на автомобили на најголемата светска економија продолжи со растот меѓу другото благодарение и на масивното поевтинување на горивата. Бројките од продажбата растат веќе петта година во континуитет, откако за време на рецесијата во 2009 година се најдоа на најниско ниво во последните 27 години.

Производителите сакаат да продолжат да профитираат од закрепнувањето на пазарот и во Детроит ќе претстават околу педесетина премиери. Купувачите се расположени, продукцијата и продажбата продолжува со раст, индустријата со години не била во подобра форма. Најголем печат на салонот ќе остават моќните спортски автомобили, но и спортските теренци и пикапите нема да останат во сенка.

Претходна објаваМобилниот на Lamborghini не само што е грд, туку и пеколно е скап
Следна објаваF-Pace е името на кросоверот на Jaguar

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here