Конзорциумот Euro NCAP ги избра најбезбедните нови модели во пет класи на возила. Најголем број на поени на краш-тестовите на Euro NCAP постигнаа Skoda Fabia во малечката класа, Golf Sporstvan во класата на компактни ванови, Nissan Qashqai во класата на компактни семејни автомобили и класата C на Mercedes меѓу автомобилите од повисоката класа. Како најбезбеден нов модел меѓу комактните теренци се покажа Land Rover Discovery Sport.
















