ЕУ бара Британија да воведе царини за електрични автомобили, за да ѝ признае „Мејд ин Јуроп“

ЕУ и порача на Британија да воведе царини за кинеските автомобили и да се вклопи во трговската политика на ЕУ, во спротивно ќе биде исклучена со законите за „Мејд ин Јуроп“.

Фабриката на Нисан во Сандерленд, Англија

Европската Унија му порача на британскиот премиер Енди Барнам дека ОК мора да воведе царини за кинеските автомобили и да ги испочитува правилата за трговија во ЕУ, за британскиот извоз во Унијата да не наиде на пречката со правилата за „мејд ин Јуроп“, објави Фајненшел Тајмс.

Унијата му препорачува на Лондон дека најдобро решение ќе биде да ѝ се придружи на царинската унија на ЕУ, пренесува весникот, повикувајќи се на два извори што се запознаени со случувањата. За возврат, Брисел ќе лобира британските производи да рамноправен еднаков третман.

„Царинска унија ќе биде решение за повеќето проблеми од ‘мејд ин Јуроп’“, сооошти за весникот службено лице на ЕУ. „Исто така и прашањето околу разликите во царините, коишто носат ризик дека Кинезите ќе можат да ги заобиколат нашите царини пренасочувајќи преку Обединетото Кралство.“

Барнам неделава изјави дека ќе вложи напори за Британија да добие третман на „партнер од доверба“ во рамките на предложените закони за „Мејд ин ЕУ“, воедно предупредувајќи дека исклучувањето на ОК би можело да ѝ наштети на автомобилската индустрија во земјата.

ЕУ уште во октомври 2024 година воведе дополнителни царини за електрични автомобили што се произведени во САД, што достигаат 35 проценти, над редовните 10 проценти. ОК не следи таква политика и кинеските автомобили соодетно освоија висок удел на пазарот во земјата. Тамошниот удел на кинеските автомобили изнесува 15 проценти, наспроти 10 проценти просек за целиот регион на ЕУ, ЕФТА и ОК.

Политиката за „Мејд ин Јуроп“ има за цел да ја смали зависноста од кинески компоненти, преку давање предимство на стока што е од европско производство. Тоа предизвика загриженост во британската автомобилска индустрија, којашто вклучува бројни добавувачи, што ги снабдуваат фабриките за автомобили во ЕУ со делови, а исто така извезува автомбоили во Унијата.

Нисан има голема фабрика во Сандерленд, Англија, и реагираше дека Британија мора да се земе како дел од ЕУ, во поглед на правилата на „Произведено во Европа.“

Унијата може да го користи секое средство што ѝ стои на располагање, за да го смали својот „неодржлив“ трговски дефицит со Кина, изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во Европскиот Парламент, во нејзиното неодамнешно обраќање за „Состојбата на Унијата“.

Претходна објаваМотоцентар ги претстави брендовите Dunlop и Falken: Нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here