Тие се среќаваат секојдневно по скопските тротоари и шеталишта, во многу поголем број се присутни во европските земји, исто и во САД. Португалската престолнина оди чекор понапред, и електричните тротинети ги нуди за изнајмување. Услугата ја нуди компанијата MyTaxi, којашто е дел од Daimler
MyTaxi е името на сопствената такси-компанија на Daimler, која веќе извесно време е дел од секојдневната улична слика во повеќе градови во светот. Таа од денес стартува и со изнајмување на електрични тротинети во Лисабон, Португалија. Компанијата на тој начин го шири кругот корисници со нова целна група, кои во исто време се и потенцијални корисници на такси-превозот, како матична дејност на MyTaxi..
Во почетокот, во Лисабон ќе бидат понудени неколку стотини електрични тротинети, под знакот на „hive“. Тие ќе се користат најмногу за тоа што во современиот жаргон на урбаната мобилност се нарекува превоз „last mile“, односно буквално превоз за последните стотина метри до одредиштето. Со малечките и лесни тротинети, до одредиштето ќе се стигнува побрзо отколку со автомобил или друг вид превоз. Екстра-предност на тротинетите е тоа што нема потреба ниту од посебен простор за паркирање.
Лисабон е воедно и еден од главните европски центри каде што се развиваат новите услуги во подрачјето на мобилноста
По стартот во Лисабон, услугата за мобилност „hive“ е планирано да се нуди и во други европски градови. Корисниците преку мобилна апликација ќе можат да лоцираат каде е најблискиот e-тротинет и да резервираат возење по цена од 15 центи по минута. Дополнително се плаќа паушал од едно евро за секое користење.

Практичните искуства од новата услуга за мобилност во Лисабон ќе можат да се користат како доказ за ефикасноста и корисноста на „hive“, за услугата да може да се воведе и во други градови.
Електричните скутери се од типот Segway ES4 и постигнуваат 24 километри на час. Во голем број европски градови успешно се нудат и користат електрични скутери, како што се сервисите за мобилност Coup или Emmy.
М за новата услуга за мобилност на Volvo
Moia е новата марка на Volkswagen за услуги за мобилност
Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта
Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?