Продажбата на електрични автомобили достигна 2,1 милиони примероци

електрични автомобили продажба

Во минатата година на светскиот пазар се продале 2,1 милиони електрични автомобили. За годинава се предвидува уште поголем раст во продажбата

Светскиот пазар за електрични автомобили и плагин-хибриди во минатата година пораснал на 2,1 милиони примероци. Нивниот удел во вкупната светска продажба на автомобили изнесува 2,4 проценти. Пазарните аналитичари за годинава предвидуваат да продолжи растот на продажбата и пазарот да достигне 2,7 милиони возила.

Кина останува главен двигател на продажбата. Шест од секои десет електрични автомобили во светот биле регистрирани во Народната Република. Тоа се повеќе од еден милион патнички автомобили со погон на струја и 202.000 товарни возила, исто така со погон на струја. Пазарниот удел на возилата што во земјата се водат како „возила со нова енергија“ е речиси двојно повисок отколку на глобално ниво и изнесува 4,5 проценти. Секако дека и растот што експертите го предвидуваат за кинескиот пазар за 2019 година е поголем и се очекува вкупната продажба да достигне 1,6 милион електрични возила.

Секој втор новорегистриран автомобил во Норвешка вози на струја

Во САД се продале 316.000 електрични автомобили, што одговара на пазарен удел од 2,1 проценти. Новиот Tesla Model 3 има голема заслуга за овој раст. Меѓу европските земји, Норвешка и натаму е шампион во електромобилноста со 73.000 продадени возила лани. Секој втор новорегистриран автомобил во земјата што се збогати од нафтата вози на струја.

Годинава се очекува премиера на новата генерација на електричниот Renault Zoe

https://photos.app.goo.gl/5jNKfHoTVqPiokBv8

Германија е втор најголем пазар со 68.000 електрични автомобили и удел од 2,0%, следат Велика Британија со 60.000 примероци и Франција со 46.000 примероци. Поголем продажен бум се предвидува за 2020 година, кога повеќе производители ќе стартуваат со продажба на електрични автомобили во ценовните сегменти што се достапни за поширок круг купувачи.

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили

На производителите им снемува електронски компоненти

 

Претходна објаваFord Transit доби нов бројач по 999.999 километри
Следна објаваСнегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here