Македонски Дукатисти меѓу 120-те илјади прославувачи на Дукати во Мизано

Близу 120.000 Дукатисти пристигнаа на прославата на стогодишнината на Дукати, што се одржа на патеката Мизано и траеше три денови.

Дваесетина македонски возачи на Дукати на поаѓање на големата прослава во Мизано, пред салонот на Дукати во Скопје, првпат во име на официјален клуб на марката

Тридневниот настан на Дукати во чест на стогодишнината на италијанската марка, привлече 118.036 посетители од цел свет. На прославата во рамките на редовната светска неделана Дукати, првпат како клуб присуствуваа и Дукатисти од Македонија, од коишто се очекува по враќањето да донесат вредни спомени и сведоштва од големиот настан.

Славниот производител на мотоцикли од Борго Панигале ја одбележа стогодишнината со настан што соедини ентузијасти, шампиони, легенди и мотоцикли што ја создадоа историјата на марката. Светската недела на Дукати, што се одржува на секои две години, сега доби посебна тежина, еден век живот на марката.

Вкупно 118.036 Дукатисти присуствуваа на тридневниот настан, пристигнати од 94 држави од пет континенти, за да прославуваат под мотото „Живеј ја легендата – Славиме 100 години заедно.“

Ѕвезди на прославата, покрај самите мотоцикли од целата историја на Дукати, секако беа тркачките легенди, коишто имаат испишано славни поглавја на марката, заедно со актуелните шампиони на Дукати. Италијанската марка досега има освоено 37 светски првенства.

„Сликата што ќе ми остане трајно е петочната парада: Безконечна црвена змија мотоцикли Дукати, развлечена на 18 километри долж крајбрежјето на Ромања… Кога челото на парадата веќе пристигна во Ричионе, последните мотоцикли уште заминуваа од патеката,“ ги пренесува своите доживувања Стефано Доменикали, извршен директор на Дукати.

На профилот на Дукати Македонија ќе се објавуваат слики и видеа од настанот од македонските дукатисти

 

Четвртото издание на Леново Трка на Шампиони повторно приреди настан каков што не постои на друго место. Возачи од Дукати Мото ГП, Светски СБК, Светски ССП и од главните национални првенства застанаа заедно на стартната линија, на специјално изработени Дуакти Панигале В4 Триколоре. За победа годинава се избори Николо Булега, пред Алберто Сура и Лоренцо Балдасари.

Публиката беше одушевена од појавувањето на Кејси Сонер, Трој Бејлис, Карл Фогарти и Лорис Капироси, легенди на марката, по чиешто качување на бината следеа тековните бранители на боите на Дукати, Франческо Бањаија , Марк Маркез, Алекс Маркез, Фабио Ди Џанантонио и Николо Булега.

Тоа што се надоврза на создадената еуфорија беше шоуто од дронови и огномети на небото над Мизано, со кореографија инспирирана со моменти од 100-годишнината на Дукати.

Клучниот дел на секоја Светска недела на Дукати е масовното присуство на клубови од цел свет. Годинава во Мизано пристигнаа 275 клубови, вклучувајќи ги македонските Дукатисти, кои претходно одржаа повеќе средби и заеднички возења, заедно со клубови од цел свет, како подготовка за големиот настан.

Реагираше и дигиталниот свет, со преку 2 милиони посети на вебсајтовите поврзани со настанот и преку 21 прегледи на друштвените мрежи. Леново Трката на Шампиони ја следеа 700.000 корисници од цел свет.

Публиката покажа голем интерес за Суперлеџера В4 Сентенарио и 100 Колекшн, колекционерски примероци што докажуваат колку Дукати е способен историското наследство да го преточи во мотоцикли од денешницата. Светска премиера имаше Десмо450 СМ, прв Супермотард на Дукати.

Голема поддршка дадоа и локалните власти на Мизано Адриатико, Ричионе, Римини и Католока, коишто помогнаа за Долината на Мотоциклите да стане срце на страста за Дукати.

Светската недела на Дукати 2026 во бројки:

  • Вкупно 118.036 посетители на тридневниот настан
  • Учесници од 94 држави од 5 континенти
  • Присуство на 275 официјални клубови на Дукати
  • 95.000 фотографии од ангажираните фотографи и 105 часови видео снимка
  • 37 наслови на светски шампиони претставени од историски и сегашни возачи на Дукати
  • 16 возачи со Панигале В4 Триколоре учествуваа на Леново Трка на Шампиони
  • Парада од мотоцикли Дукати, долга 18 километри, од патеката Мизано до Самсара Бич во Ричионе, по крајбрежјето
  • 110 часови забава, презентации, интеврвјуа, диџеј сетови и настапи во живо
  • 75 директори и менаџери од Борго Панигале и од ограноците на Дукати, што готвеа и служеа за време на Рустида
  • 584 објави на друштвените мрежи
  • 240 возења за деца во рамките на Дукати Фрст Експериенс

Претходна објаваТојота РАВ4 · Тест · Со платформа за разгледување од задна клупа
Следна објаваШефот на Нисан вели дека соработката со Рено врви одлично

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here