за

Камионите на DHL во Ирска ќе возат на биометан

Светскиот лидер во логистиката DHL во следните 10 години ќе точи биометан во камионите во својата мрежа во Ирска.

DHL ќе почне со редовно користење биометан во своите камиони во Ирска и вложува 80 милиони евра за наменско производство на биометан во погон во Корк, со којшто ќе оперира Stream BioEnergy.

Биометанот е обновлив гас и може да се искористи за да се постигне неутралност во поглед на емисијата на СО2. Новата постројка во Корк ќе обезбедува гориво за најмногу 150 камиони. Тоа ќе ја скуси емисијата на СО2 за 15 илјади тони на годишно ниво, што соодветствува на количината на СО2, што патнички автомобил со бензински мотор ќе ја испушти поминувајќи преку 60 милиони километри пат – или 6.000 автомобили да поминат по десет илјади километри годишно.

Во заедничка мисија да се намали емисијата на СО2 во транспортната мрежа во Ирска, DHL се здружи со водечкиот трговец со прехранбени намирници Tesco Ireland. Додека се изгради новата постројка, DHL ќе набавува биометан од други места. Откако постројката ќе стане оперативна, DHL ќе ја снабдува мрежата на Tesco со 92 камиони со погон на биометан, што ќе се полнат со гориво локално.

DHL планира во значаен обем да ја намали емисијата на СО2 во транспортниот сектор во Ирска. Слични проекти ќе се реализираат и во сите останати сектори во коишто е активна компанијата, односно во потрошувачкиот сектор, технологијата, авијацијата, социјалната сфера и здравството. Од тоа ќе произлезе улогата на DHL на нов играч што ја менува индустријата на транспорт во Ирска.

Погонот за производство на биометан во Литл Ајленд, Корк, во сопственост е на Stream BioEnergy, којшто воедно и оперира со истиот. Таму ќе се преработуваат 90.000 тони индустриска и комунална неискористена храна на годишно ниво, што инаку би завршила во депонија. Преоѓањето на биометан во голем обем не условува менување на постоечката инфрастуктура на гас на Ирска.

Биометанот во Ирска е само дел од глобалната агенда што DHL ја води како „GoGreen“. Целта е до 2050 година да се постигне целосна СО2-неутралност.

На фотографијата ( од д. на л.):
Ciaran Foley Managing Director, DHL Supply Chain
Ian Logan, Retail Support and Distribution Director, Tesco
Mick Kelly, Operations Excellence Director, DHL Supply Chain (Ireland)
Alan Reville, Head of Transport, Tesco

Директорот на синџирот за достава на DHL во Ирска, Киаран Фоли, кажа: „Особена гордост ни претсавува тоа што ќе го унапредиме производството на обновлива енергија во Ирска. Нашата соработка со Tesco претставува значаен чекор на нашиот заеднички пат кон целосно нулта емисија. Транспортните мрежи на нашите клиенти се витално подрачје за фокусирање, кога тие бараат начини да постигнат севкупна одржливост, и со тоа што алтернативните горива стануваат реалност, ние можеме навистина да ја докажеме нашата вредност како стратешки партнер.“

Камионите во мрежата на Tesco во Ирска прават 2.000 пативања неделно, снабдувајќи 166 локации ширум земјата.

DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поради експлозија во фабрика на добавувач мируваат шест фабрики на Toyota

Citroen преоѓа во режим за напад со новиот EV-модел e-C3