за

Австрискиот огранок на ДХЛ годинава вклучува 20 електрични Kia EV6

Големите светски компании буквално ги вклучуваат автомобилите во својот возен парк. Испорачани се првите три примероци од електричната Kia EV6 за ДХЛ во Австрија.

Огранокот на светскиот лидер ДХЛ во Австрија, прв вклучува возила на Kia во својот возен парк. „Вклучувањето“ важи за вкупно 20-те примероци од електричниот кросовер EV6 што се предвидени за годинава

Логистиката е подрачје за коешто однадвор тешко може да се претпостави колку далеку досегаат нејзините услуги. ДХЛ се бави со транспорт и дистрибуција по целата Земја, но нуди и решенија за магацинско складирање. Токму за менаџерите што се задолжени за последново подрачје се наменети новите автомобили од Kia. Првпат, ДХЛ избира Kia за својот возен парк. Изборот можеше да се претпостави, дека тоа ќе бидат целосно електрични автомобили. Патем, ДХЛ Експрес во Македонија веќе со години доставува пратки во Скопје и околината со 100% електрични фургони.

Австриската менаџерка за продажбата на возила Kia, Катарина Вилијамсон, порачува дека „Kia изгради име посебно во делот на електромобилноста, преку квалитет, досег што одговара за секојдневието, а во случај на EV6, и со ултрабрзо полнење.“

Во масивниот возен парк на ДХЛ Австрија влегуваат и околу 90 патнички автомобили. Првите три примероци од Kia EV6 се испорачани пред неколку денови, а до крајот на годинава се очекува нивниот број да се зголеми на дваесет.

Жолтата боја, Urban Yellow во каталогот на марката, посебно се совпаѓа со боите на ДХЛ. Едно од трите возила е точно во оваа боја. „Како логистичари, веќе долго време цениме дека наша обврска е да преземеме одговорност и да постапуваме во склад со одржливоста. Од 2013 година, нашата СО2-ефикасност во Австрија ја подобривме за околу 29 проценти,“ кажува Ралф Швајгхефер, извршен директор на ДХЛ Експрес Австрија.

До завршетокот на годинава, 95 проценти од службените автомобили на ДХЛ Експрес Австрија ќе бидат целосно електрични возила. Покрај тоа, едно од секои пет возила за достава ќе бидат електрични.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DHL (@dhl_global)

Kia EV6 претстојново лето треба да пристигне како голема премиера во Киа Македонија. Моделот е носител на титула Автомобил за 2022 година во Европа. Посебноста е во 800-волтната мрежа што дозволува користење ултрабрзи полначи. За 4,5 минути на таков полнач, EV6 се снабдува со енергија за 100 километри. За десет минути, тоа се повеќе од 220 километри досег.

Kia Македонија напролет почнува со електрификација на понудата од модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од големите автомобили, на дамите најмногу им се допаѓа Citroen C5 X

Nio во нова фабрика во Кина ќе произведува евтини електрични автомобили за Европа