за

Daimler вложува во порталот за продажба на возила Carwow

carwow investicija daimler
carwow investicija daimler

Daimler вложи солидна сума во порталот за продажба на нови возила Carwow. Автомобилскиот концерн вложи дури 28 милиони евра во новата рунда на финансирање на стартап-компанијата.

Daimler се вклучува во онлајн-платформата за продажна на нови возила Carwow. Автомобилскиот концерн од Штутгарт вложи 28 милиони евра во стартап-компанијата. Carwow ќе ја искористи инвестицијата за зајакнување на своето влијание на пазарите во Велика Британија, Германија и Шпанија. Покрај Daimler, вложија и повеќето германски производители на автомобили. Корисниците на Carwow можат да изберат понуда на порталот, а за понатамошниот тек се упатуваат до најблискиот дилер.

Тоа што ги привлекува производителите на автомобили кај Carwow е можноста да се направи увид во постапката што ја применуваат купувачите кога се решаваат за одреден модел. Тоа се податоци со коишто производителите инаку не располагаат. Carwow има точен увид за конкурентските возила што ги избираат купувачите, за возилото што тие решаваат да го купат, како и за продажната цена. Во просек се избираат четири модели од три марки.

Начинот на работа на Carwow се базира на тоа што дилерите ги внесуваат поволностите и попустите при продажба на своите возила, кои корисникот на платформата потоа ги гледа кога ќе ја заврши конфигурацијата на посакуваниот автомобил. Компанијата започна со работа во Велика Британија во 2012 година.

https://www.instagram.com/p/B0qvnuKp9S9/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Корозија или болеста што автомобилите одамна ја надминаа

Корозија или болеста што автомобилите одамна ја надминаа

ford prodazba germanija

Ford со најдобар јули во Германија во последните 22 години