Dacia Sandero ќе добие спортска верзија RS

Ближи премиерата на Sandero во изведба на Renault Sport. Спортската верзија на Sandero ќе стартува прво на јужноамериканскиот пазар, под хаубата може да се очекуваат 200 КС.

Пред околу еден месец, Renault/Dacia го објави првото видео за претстојниот Sandero RS. Сега следува и втората официјална објава за брзата верзија на компактот на Романците. За разлика од пазарот во нашиот регион, кадешто Sandero се продава под знакот на Dacia, на пазарите во Мексико, Русија, Јужна Америка и Јужна Африка тој го носи знакот на матичната куќа Renault. Од јужноамериканската филијала на Renault сега пристига второто видео во коешто Sandero RS со леснотија ги престигнува лутите верзии на Megane RS на тркачката патека.

Само малку детали може да се откријат во изгледот на идниот топ-модел. На видеото се гледа дека RS лежи одлично на патеката со големи бандажи и со проширена трага на обете оски, вклучувајќи и соодветно проширување на крилата, како и со впечатлив заден спојлер, поагресивен изглед на браниците и затемнети задни светла.

Уште кружат многу шпекулации околу моторот што ќе биде под хаубата. Се спомнуваат турбо верзијата на 1,2-литарскиот мотор со 120 до 130 КС, но и дволитарскиот бензинец од Duster со 141 КС, којшто може да работи и на етанол – веќе со години вообичаено гориво во регионот – па сé до 1,6-литарскиот турбомотор од Clio RS со близу 200 КС. Засега најголеми шанси за вградување сепак има за дволитарецот од Duster. Конечниот модел може да биде претставен веќе неделава.

https://youtu.be/916zGsULJ-w

Претходна објаваПекарница испорачува печива со електрични комбиња
Следна објаваRed Bull ќе си замине од формула 1 доколку не добие мотори од Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here