
Евтината романска марка на Renault се пласираше на петтото место според анкетата на задоволството на сопствениците што ја спроведе британскиот магазин Auto Express.
Во првата година на учество во анкетата на магазинот Auto Express, „шокантно достапната“ марка Dacia се катапултираше високо на петтата позиција според задоволството на клиентите од марката на возилото што го поседуваат. Со 88,04 проценти задоволни клиенти, Dacia остави зад себе многу марки во коишто се колнат нивните сопственици, вклучувајќи ги неспоредливо поскапите и пософистицирани марки како Audi, BMW, Mercedes и Porsche. Секако дека со петтото место во крајниот пласман, Dacia се покажа поуспешна и од директните конкуренти во многу критериуми од оценувањето, почнувајќи од технологијата во возилото, преку практичноста, до најважното, издржливоста.
Од минатиот јануари, Dacia им продаде преку 24.000 примероци на „ценовно совесните“ Британци, во исто време освојувајќи низа награди со своите Sandero и Duster. Во оваа анкета за прв пат се укажува можност сопствениците да го искажат своето искуство со романската марка. Daciaги остави конкурентите зад себе во трошоците за одржување и во штедливоста, пласирајќи се на второ место во обата критериума. Според трошоците за поседување, романската марка се најде на осмо место од 33 марки, на високо трето место според издржливоста, на четврто место според практичноста и на трето место според достапната технологија. Иновативниот систем MediaNav со цената од 300 фунти е стотици фунти поевтин од понудата на конкурентите.















