Dacia Duster го заработе првиот милион

Од фабриката на Renault во Бразил денес излезе милионитиот примерок од Duster. Теренецот се продава во преку 100 земји во светот и се произведува на пет локации.

Освен во матичната фабрика во Питешти, во Романија, Duster се произведува уште во фабриките на Renault во Куритиба (Бразил) и Енвигадо (Колумбија), во руската престолнина Москва, како и во индискиот Ченај. Продажбата на моделот во Европа започна во 2010 година, а само во текот на минатата година беа продадени околу 376.000 година.

Најголемите пет пазари за Duster во светот

Пазар Продадени примероци (од 2010 г.)
Русија 151.633
Франција 145.612
Бразил 117.303
Индија 85.974
Германија 70.159

 

Претходна објаваЖителите на Виена возат сé поретко
Следна објаваДефект кај 6-цилиндарците: BMW повикува половина милион возила во сервис

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here