за ,

Жителите на Виена возат сé поретко

Само за едно од четири патувања низ град, Виенците го користат автомобилот. Со тоа, жителите на австриската престолнина се повеќе „независни“ и од жителите на Амстердам или Цирих.

Жителите на Виена сé почесто го користат јавниот превоз, возат велосипед или пешачат при извршувањето на секојдневните обврски. Тоа го покажа студијата на австриската организација за одржлива мобилност VCÖ, според која 73 проценти од дневните релации низ Виена се минуваат без автомобил. Пред десет години, стапката изнесувала 64 проценти.

„Моментно постои тренд за мултимобилност во цела Европа“, пишува во студијата. Често пати се комбинира начинот на кој што ќе се совлада одредена релација, на пример, се вози велосипед до станиц на метрото, а на крај се продолжува пеш до работното место. Со користење на автомобилот за само 27 проценти од дневните релации, Виена е на првото место во Европа според независноста од автомобилите, дури и пред градовите како Амстердам или Цирих.

Како една од причините за тоа се наведуваат и кусите релации на Виенците. Секој петти граѓанин работи на територијата на општината во којашто живее. Просечната должина на дневната релација до работното место изнесува 17 километри. Тоа им заштедува и многу пари на граѓаните. Домаќинствата во Виена годишно издвојуваат во просек 4.150 евра за мобилност. Покрај тоа, со оставањето на автомобилот да мирува се намалува и оптоварувањето на животната средина со штетниот гас. Според студијата, доколку патувањето до работа и назад изнесува седум километри и истите се совладуваат со јавен превоз или велосипед, на годишно ниво се заштедуваат околу 520 килограми СО2.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот теренец Lexus NX сече со остриот дизајн

Dacia Duster го заработе првиот милион