за

Dacia подготвува нов суперевтин модел за 5.000 евра

Евтината романска марка на Renault се подготвува да додаде нов модел во понудата, кој ќе биде уште поевтин од актуелниот Sandero. Се спомнуваат помош од една руска марка и цена од 5.000 евра.

Романската марка ќерка на Renault, според информациите до коишто дојде магазинот Auto Bild подготвува нов модел во најнискиот сегмент на цени. Техничката основа за моделот што уште е без име, а се очекува да се појави во продажните салони во текот на следната година, доаѓа од Renault Twingo.

Како што наведува германскиот магазин, Dacia цели на основна цена на возилото од 5.000 евра. Тоа значи дека идниот суперевтин модел на Dacia ќе оди со цената уште пониско од моментно најдостапниот модел на Романците, комбилимузината Sandero со цена од околу 7.000 евра. Во производствениот ланец ќе се вклучи и некогашниот руски гигант Avtovaz, производителот на возила од марката Lada. Романската марка досега не ја демантираше оваа вест.

Dacia-Towny2

Според претходните информации, идниот Dacia Towny ќе биде под знакот на трите петки: 5 врати, 5 седишта и цена од 5.000 евра. Моделот во класата на Volkswagen Up ќе биде долг 3,5 метри, тежината ќе изнесува околу 800 килограми, а под хаубата ќе работи новата генерација трицилиндарци од 0,9 литар, со моќност од 60, 75 и 90 КС, во верзија со и без турбонатполнење.

За евтиното производство, кое се претпоставува дека во одреден дел ќе се одвива и во руските фабрики на партнерот Avtovaz, ќе придонесе дополнително и споделувањето на техниката со Nissan и Smart.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто згаснуваат автомобилските марки?

Brabus B63S – 700 6×6: Монструмот од пустината