за ,

Brabus B63S – 700 6×6: Монструмот од пустината

Триосовинскиот G63 AMG е најскапиот сериски Mercedes со цената од околу 400.000 евра. Ако тоа е недоволно, може и уште поскапо. Во тој случај, на помош доаѓа тјунерот Brabus.

Mercedes G63 AMG е доволно неразумен уште во старт. Токму тоа го прави мошне популарен кај одреден круг купувачи. Уште поголема доза на неразумност може да се добие кај неодамна претставениот пикап од AMG во верзијата со погон на три оски. Овој монструм чини околу 400.000 евра и со тоа е најскапиот сериски модел на Mercedes. Но, добро ситуираните клиенти во Арапските Емирати повеќе би сакале нивното возило да биде уште поскапо и уште порасипничко. Тјунерската работилница Brabus ги има во предвид токму овие купувачи.

Со вградување на поголем турбополнач се постигнуваат гигантски 700 КС и 960 њутнметри (во серија 544 КС и 800 Nm) од познатиот 5,5-литарски мотор V8. Доживувањето го дополнува и спортски издув, а изгледот станува уште поагресиевен со пакетот спојлери, од кои поголемиот дел е изработен од скапиот и лесен карбон. Тркалата од 37 инчи и без тоа укажуваат јасно дека ова возило не познава пречки на патот. Од почит кон овие шест огромни валци, крајната брзина на Brabus B63S – 700 6×6 е ограничена на 160 километри на час. За претстава колку е моќно чудовиштево од четири тони, забрзувањето до сто трае 7,4 секунди. Колку точно чини верзијата на Brabus не се објавува. На купувачите на возилото, цената во секој случај не им е важна.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia подготвува нов суперевтин модел за 5.000 евра

Leon Cupra го победи Golf GTI на тест на Auto Bild