за

Dacia е хит на островот: Британците си ги ценат парите

Купувањето евтин автомобил е разумен избор. Но, прашање е колку тој ќе вреди по три години? Британците пресметаа педантно. Dacia Sandero задржува најмногу од вредноста.

Евтината марка на Renault стартуваше со продажба во Велика Британија во јануари, а хит моделот Dacia Sandero веќе се продаде во преку 4.000 примероци. Цената од 5.995 фунти, односно околу 7.000 евра несомнено има најголема заслуга за успехот. Но, постои изреката: Не сум толку богат да купувам евтино. Тоа се чини дека повеќе не важи.

Евтините автомобили обично губат многу од вредноста, во случај кога возилото ќе треба да се продаде по неколку години. Британскиот институт за процена на вредноста на возилата дојде до податокот дека по три години и 100.000 километри, Dacia Sandero 1.2 16V со основното ниво на опрема ќе изгуби само 3.615 фунти од цената на ново од 5.995 фунти. Дури и во поскапата изведба Laureate, моделот на Романците задржува висок процент од вредноста, односно по три години вреди 36% од цената на ново. Тоа е за 6 проценти повеќе отколку Skoda Fabia 1.2 12V SE и 8% повеќе од Suzuki Swift SZ3 1.2.

За споредба, Suzuki се продава за 12.444 фунти и по три години и 100.000 километри губи дури 8.919 фунти. Загубата кај Dacia изнесува само 4.000 фунти. Британскиот приод кон вредноста на возилата би можел и нас да нé научи на потрезвено размислување. Во последните години се случи вистинска инвазија на евтини користени автомобили од увоз. За неколку илјади евра купувавме луксузни лимузини стари само петнаесетина години. По доотепувачка експлоатација од две три години, овие лимузини повеќе не вредат ниту евро. Дури, повеќе треба да се инвестира во нив да се доведат во состојба што ќе ги убеди новите купувачи, отколку што ќе се добие со продажбата. Но, сé се учи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Моника Белучи со Maserati на Фестивалот во Венеција

Maserati со конкурент за серијата 5 на BMW