за

Моника Белучи со Maserati на Фестивалот во Венеција

Главен спонзор на 70-от Фестивал на филмот во Венеција е Maserati. Светот ќе ги гледа големите ѕвезди во престижните возила… автомобилите тука сепак се само во втор план.

Maserati ќе биде ексклузивно такси за гостите на црвениот тепих поставен за Фестивалот на филмот во Венеција. Терасата на Maserati, како што се нарекува просторот околу базенот покрај хотелот Екселзиор, исто така ќе биде средиште на фестивалот, како место за интервјуа, средби, коктели и секакви настани, и секако ќе биде во сите бои и тонови на марката сестра на Ferrari.

Италијанската марка има долга врска со кинематографијата и навистина постојат голем број филмови со возила со тризабецот на Нептун во маската. Првиот од нив е „Хроника на една љубов” од 1950 година, во режија на МИкеланџело Антониони. Протагонисти во филмот беа убавицата Лучија Босе и елегантниот Maserati A6 1500, првиот гран-туризмо на марката од Модена. Потоа воланот на Maserati го вртеа уште многу ѕвезди, меѓу кои Кирк Даглас, Дејвид Нивен, Ален Делон, Уго Тоњаци, Рок Хадсон и Виторио Гасман. Меѓу последните филмови во кои што се појавува Maserati се „Тринаесетмината на Оушн“ и францускиот „Недопирливите“, со моделот Quattroporte. Во филмот „Без лимит“ се појавуваат Роберт Де Ниро, Бредли Купер и Maserati Gran Turismo.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

105 години стар Rolls-Royce се врати во музеј по релито од 3.000 километри

Dacia е хит на островот: Британците си ги ценат парите