Citroen Cactus ќе боде погледи по улиците

На последниот салон во Франкфурт беше студија, а на претстојниот женевски салон веќе се појавува како сериски автомобил. Citroen Cactus верно го толкува визионерскиот дух на француската марка.

Футуристички дизајнираниот кросовер Citroen Cactus ќе доживее премиера како сериски автомобил на салонот во Женева во почетокот на следниот месец. Една од иновациите е вградувањето на воздушната перница за совозачот во таванот, со што се ослободува простор за повеќе прегради во кокпитот. Класичните инструменти се заменети со дигитален дисплеј, а прекинувачите за ракување исто така се заменети со дисплеј преку кого се пристапува до сите функции на возилото.

citroen cactus 2

Делови од каросеријата се обложени со таканаречени „airbumps“ кои што се достапни во повеќе бои и го заштитуваат возилото. Овие панели се состојат од воздушни капсули и ги амортизираат контактите со други возила, воедно намалувајќи ги и трошоците за поправка.

Возилото со должина од 4,16 метри има меѓуоскино растојание од 2,6 метри и околу 200 килограми е полесно од компактот C4. Багажникот на кросоверот нуди простор од 358 литри. Панорамскиот стаклен покрив и носачите за багаж на покривот се во стандардната опрема на Cactus.

citroen cactus 3

Citroen наведува потрошувачка од 3,1 литри за дизелската верзија на моделот и емисија од 82 грами СО2 на километар. Бензинецот исто така има емисија под 100 грами, што му носи на моделот одредени повластици при регистрирање во земјите во ЕУ.

Претходна објаваБританци заработуваат од изнајмување на сопствените автомобили
Следна објаваТриумф на Renault Captur во изборот на СУВ за 2014 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here