за

Британски Carwow порачува за Citroen C5 X: Купете го

Критичарите во Британија се директни и тешко им подлегнуваат на предрасудите. За новиот Citroen C5 X, онлајн-каналот за трговија со возила Carwow порачува, „Buy It“.

Онлајн-каналот Carwow кај знаменосецот Citroen C5 X ги цени практичноста, комфорното возење и стилот. На тоа се додава привлечност на СУВ, елеганција на лимузина и практичност на комби, за на крајот на францускиот крстосувач да му се додели награда „Buy It“.

Доделувањето на наградите за најдобрите автoмобили од страна на Carwow, во рамките на изборот што е именуван „Buy It“, го вклучи како победник Citroen C5 X, еден од највпечатливите новопристигнати модели на сцената во изминатата година.

Изборот ги одликува најдобрите нови автомобили што ќе бидат достапни во продажба во 2023 година. Од стотици возила што беа тестирани за каналот на Carwow на јутјуб, само мал број возила што се издвоија доволно со нивните својства ја добија ценетата награда „Buy It“.

Carwow кај Citroen C5 X посебно ги цени комфорот во возењето и меката амортизација. Патентираниот Advanced Comfort Suspension е стандард во гамата на C5 X. Тоа што Citroen го ветува како „чувство на летечки тепих“, очигледно ги убеди експертите на британскиот канал. Изведбите со приклучен хибриден погон располагаат со уште понапреден систем, што користи сензори за соодветно да ја нагоди реакцијата на амортизацијата.

Мет Вотсон, уредник на carwow, кажува: „Citroën се врати во најдобра форма со C5 X, правејќи го тоа што го умее најдобро. Автомобилот е толку комфорен во с’e што прави, од начинот на којшто суспензијата ги впива нерамнините, до чувството на тонење во прекрасните предни седишта. Тој е практичен, интелигентен и стилски, точно автомобил со којшто треба да се издвојува компанија како што е Citroën.”

Citroen C5 X неодамна беше на тест возење во Аутомедиа, вклучувајќи и посебна електрична рута.

Тест · Citroen C5 X Hybrid 225 · Премиумот одеднаш станува неважен поим

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota очекува раст во 2023, инфлацијата ги загрижува

Opel пред 75 години го врати производството во Риселсхајм со Olympia