за

Opel пред 75 години го врати производството во Риселсхајм со Olympia

Opel Olympia беше првиот патнички автомобил по повторната изградба на фабриката во Риселсхајм, во есента 1947 година.

Фабриката на браќата Опел во Риселсхајм и претходно имаше стартувано од нула. По големиот пожар во 1911 година, кога изгоре голем дел од фабриката, фамилијата Опел и вработените докажаа дека се подготвени за големи промени. Производството на машини за шиење запре, работата продолжи со производство на велосипеди и автомобили Opel.

Слични предизвици за Риселсхајм следеа по завршувањето на Втората светска војна. На земјиштето на фабриката покрај Мајна буквално немаше останато камен на камен. Повторната изградба на фабриката се одвиваше брзо и во веќе завршените делови почнуваше да се враќа дел од производството. Во летото 1946, од фабриката во изградба излезе првиот камион од 1,5 тон под сопствената товарна марка Blitz.

Работата под полна пареа започна кон крајот на 1947 година. Сериското производство на патнички автомобили се врати во Риселсхајм со моделот Opel Olympia. Компанијата го одбра моделот што веќе имаше започнато едно големо поглавје при својата премиера, дванаесет години пред тоа. Olympia беше прв големосериски автомобил од германско производство, што располагаше со самоносечка каросерија, целосно изработена од челична ламарина. Благодарение на ниската тежина, моделот се издвојуваше со одлични возни својства и ниска потрошувачна на гориво. Напредната конструкција на каросеријата се грижеше и за безбедност.

Моделот од 1947 година се разликувапе од моделите од пред војната во подобрената предна оска со двојни триаголни водилки, а имаше и покусо меѓуоскино растојание. Предната оска и управувањето на моделот со две врати потекнуваа од Opel Kapitän. По една година, фабриката го врати во производство и поголемиот модел со четири врати, Opel Kapitän. На 8-ми јуни 1949 година, Opel објави дека го произвел 100.000-от примерок од Olympia со 1,5-литарски мотор.

Во тоа време, во Риселсхајм продолжи да се произведува еден производ со мошне звучно име, коешто ретко кој го поврзува со Opel. Ладилникот Frigidaire, од чиешто име доаѓа и пошироко во регионот одомаќениот збор фрижидер, беше дел од производствената програма на германската компанија. Во 1950-те години, „фрижидерот“ на Opel беше пазарен хит.

Opel-Fridgidaire.jpg
Von <a href=”https://de.wikipedia.org/wiki/User:Marcus_Aurelius” class=”extiw” title=”de:User:Marcus Aurelius”>Marcus Aurelius</a> – <span class=”int-own-work”>Selbst fotografiert</span>, CC BY-SA 3.0, Link

Темелот на продукцијата во Риселсхајм го сочинуваа моделите Olympia и Kapitän, коишто пазарот ги бараше сé повеќе, како модели коишто овозможија широк круг купувачи повторно да дојдат до автомобил. Моделите на Opel, освен со достапната цена, се издвојуваа и со напредните технички решенија.

Денес во Риселсхајм се произведува Opel Astra, со истата цел, напредната технологија да стане достапна за најширок круг купувачи

Opel Astra неодамна се закити со важна титула и стана носителка на „Златен волан за 2022 година“. Во развојот на новиот модел е поставен посебен нагласок на динамиката во возењето. Тоа го покажува и надворешната појава на новата Astra, со впечатливиот Opel Vizor, што е заштитен знак за новите модели на марката. Тоа што уште го одликува моделот е целосно дигиталниот кокпит, којшто се разликува од сите шеми, а воедно овозможува лесно и прегледно ракување.

Напредните технологии што Opel ги прави достапни во компакт класата се приспособливите матрични диодни светла Intelli-Lux. Секако дека во Opel се очекува и добро седење, посебно откако марката уште пред повеќе од 20 години почна да вградува седишта со печат AGR, како признание од германските ортопеди за ергономијата на седиштата.

Најважното секако дека е погонот, а Opel Astra е посебно силна во тоа подрачје, со понуда од приклучен хибриден погон, а наскоро и чисто електричен погон, покрај верзиите со бензински и дизел мотори.

Тест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Британски Carwow порачува за Citroen C5 X: Купете го

Новиот електричен Mercedes-Benz eSprinter од нова фабрика во Полска