Државата бара 2,7 милиони возила да бидат повикани во сервис, производителот одбива затоа што смета дека неговите возила немаат проблем со безбедноста.
Американскиот концерн кој што му припаѓа на Fiat нема да одговори на барањето на државната институција за безбедност во сообраќајот NHTSA, близу три милиони примероци од Jeep Grand Cherokee и Liberty принудно да се упатат во сервис заради отстранување на дефектот. Производителот смета дека обата модела се меѓу најбезбедните возила што моментно се нудат на пазарот и опасноста од пожар на возилото во случај на незгода, за која што државната институција го товари Chrysler, не е повисока отколку кај возилата од другите производители.
Шефот на концернот, Серџо Маркијоне, изјави дека „претпријатието се грижи за квалитетот на своите возила.“ Во конкретниот случај се работи за една незгода во која што влекач удрил со 100 km/h во Grand Cherokee паркиран покрај патот. Според Маркијоне, тоа не претставува повод за сервисен повик на возилата и производителот ќе поднесе докази за безбедноста.
Реткост е некој производител на возила да го одбие барањето на NHTSA за сервисен повик. Откако неколку милиони возила на Toyota беа повикани за отстранување на дефектот со заглавувањето на педалот за гас, производителите стравуваат од наштетување на имиџот. Во претходниот месец, Chrysler веќе мораше да повика 469.000 примероци од Jeep Commander и Grand Cherokee, за отстранување на дефектот со програмирањето на софтверот, кој што предизвикуваше несакано вклучување на слободниот од на автоматскиот менувач. Причината за нападот врз имиџот на реномираниот производител, сепак може да има друга природа. Италијанците најавија зголемување на учеството во Chrysler, а воедно и интензивирање на моделите од италијанските марки на пазарот во САД. Повикот е повеќе одбранбена мерка отколку закана за безбедноста на сопствениците на возила нa Chrysler.