Во Chevrolet се нарачува пица директно од кокпит

chevrolet naracka pica dominos
chevrolet naracka pica dominos

Chevrolet е прва автомобилска марка што овозможува нарачка на пица како вградена функција во возилото.

Милиони возачки и возачи на Chevrolet можат да нарачаат пица од Доминос директно преку средишниот дисплеј во своето возило, за пицата да биде готова кога тие ќе влезат во продавницата или ќе пристигнат дома. Повеќе трговски синџири се дел од Chevrolet Marketplace.

Системот работи независно од мобилниот телефон. За да се овозможи нарачка, прво треба да се направи бесплатен профил преку интернет или преку апликацијата на Домино`с. Профилот ги содржи адресата за испорака, саканиот ресторан и информации за видот на плаќањето. Профилот се поврзува со возилото, така што нема потреба во иднина да се вршат преправки.

Од минатата пролет, Chevrolet прв воведе директно плаќање на сметката за гориво преку системот во возилото. Marketplace е достапен во милиони возила на американската марка, произведени по 2017 година.

Овој камионет на Chevrolet не минува со лесно

Chevrolet без волан и педали пристига во 2019 година

„Дизелгејт“ го погодува и Chevrolet: Тужба за дизелот од Opel

Претходна објаваДамите порешителни да купат автомобил онлајн отколку мажите
Следна објаваOsram ќе произведува само диодни светла за автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here