Chevrolet Camaro конечно стана вистински спортски автомобил

Chevrolet Camaro досега беше типичен американски „снагатор“. Забрзувањето максимално, возните својства речиси никакви. Новата генерација може многу подобро и се приближува до европската школа на спортски автомобили.

Само два дела во новиот Chevrolet Camaro се преземени од стариот. Амблемот и името. Американското купе со светско име изгледа исто како отсекогаш, но и покрај тоа не може да се каже дека е ретро. За сите во развојниот тим на Chevrolet беше голем предизвик да се направи нов Camaro. За малку да си ја олеснат работата, луѓето разговараа со илјадници сопственици на актуелниот модел и ги прашуваа што тие би сакале да се подобри кај моделот од шестата генерација. А тие одговорија: Уште подобри перформанси, но и подобри возни својства за новата генерација возачи на спортски автомобили.

Тркачката патека подобро му лежи на новиот Camaro. Подвозјето е изработено според примерот од европските спортисти
Тркачката патека подобро му лежи на новиот Camaro. Подвозјето е изработено според примерот од европските спортисти. Во тој поглед, Camaro сега е поблиску до Porsche 911 отколку до Audi RS5 или Mercedes-AMG C 63

Потоа, инженерите се дадоа на работа. Новиот Camaro е покомпактен и со тоа е поподвижен. Тежината се намали за стотина килограми, меѓу другото и со примена на алуминиум за повеќето делови во подвозјето. Дури и носачот на арматурната табла е изработен од алуминиум, и само тоа носи заштеда од 4,2 килограми. Според Chevrolet, големото купе постигнува рекордно странично забрзување во класата, со вредности до 0,97 g, но и сопира исто толку способно со сопирачките дискови од 345 милиметри напред и 338 милиметри назад.

Новата платформа потекнува од Cadillac ATS, но 70 проценти од компонентите се специфични за Camaro. Платформата е за една третина покрута од порано, што е важно и за возните својства, затоа што со спречувањето на свивањето на каросеријата во свијоци се избегнува и изместување на геометријата на подвозјето. Напред работи нова оска со две водилки, за поголема прецизност во управувањето, додека назад се користи исто така нова оска со пет водилки, заради подобро пренесување на моќноста врз асфалтот.

Завршната изработка остава поубедлив впечаток отколку кај претходникот кој внатре изгледаше како пластична кутија
Завршната изработка остава поубедлив впечаток отколку кај претходникот кој внатре изгледаше како пластична кутија

За натамошно унапредување на возните својства, на располагање стојат амортизерите од Corvette, со метални честички во маслото коишто се регулираат електромагнетски и се приспособуваат на условите на патот, според информациите што процесорот ги испорачува 1.000 пати во секунда.

Кокпитот изгледа посовремено отколку кај претходникот, со голем дисплеј меѓу инструментите и втор дисплеј во средишната конзола, на когошто се прикажува графика со исто толку детали како во боксовите на тимовите во формула 1. Покрај тоа, амбиенталното осветлување со светлечки диоди може да испорача 24 различни бои. Многу подобар впечаток остава и завршната изработка, особено во споредба со претходниот Camaro, кој внатре изгледаше како пластична кутија.

chevrolet camaro six (5)Европа ќе мора да чека до следната година, додека американските фанови веќе можат да се возат во својот нов Chevrolet Camaro. Понудата од мотори ја сочинуваат задолжителниот V8, потоа следи атмосферски V6 од 3,6 литри и моќност од 335 КС, за основата да ја претставува дволитарски турбомотор со 275 КС и 400 њутнметри.
На цените што Camaro ги има во САД, од оваа страна на Атлантикот, можеме само горко да се насмееме. Основниот модел чини 25.700 долари, односно 23.700 евра, додека најскапиот модел SS со мотор V8 чини малку повеќе од 37.000 долари или 34.000 евра. За тие пари во САД не може да се купи ниту половен Mercedes C 63 AMG или BMW M3.

Кога новиот Camaro ќе пристигне на европскиот пазар, може да се очекува цена од најмалку 45.000 евра, особено ако се земе во предвид дека сегашниот модел стартуваше од околу 40.000 евра.

Американците можеле да изостават единствено еден детал: Греењето на воланот е ставка што европската марка на General Motors ја нуди и во модели како Opel Corsa. На тие што нема да се „запалат“ во автомобил како Camaro, нема да им помогне ниту греење во воланот.

Претходна објава250.000 купувачи го презеле својот нов Audi директно од фабриката во Некарсулм
Следна објаваРедок Aston Martin DB2/4 со мотор од Lada откриен во шупа во Куба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here