за

250.000 купувачи го презеле својот нов Audi директно од фабриката во Некарсулм

Фабричката испорака на возила во спектакуларниот центар на Audi во Некарсулм одбележува јубилеј. Од отворањето на центарот, четвртина милион купувачи го посетиле Audi Forum Neckarsulm за да го преземат својот нов Audi.

Јубилеј во испораката на нови возила во центарот на марката Audi во Некарсулм. Вчера во Audi Forum Neckarsulm пристигна 250-илјадитиот купувач за да го преземе својот нов автомобил директно од фабрика. Андреас Хајмбергер, 49-годишен Германец, ги доби клучевите од неговиот нов Audi A6 Avant во брилијантна црна боја во објектот во којшто сé се врти околу и за марката со четирите прстени.

„Форумот“ на Audi е отворен пред десет години и оттогаш бележи постојан раст во бројот на посетители, коишто првенствено доаѓаат за оттука да го преземат новиот автомобил. По церемонијата на примопредавање на клучевите од Audi A6, Хајмбергер доби можност за ексклузивна прошетка низ сите делови од производството на автомобили во Некарсулм, за потоа да следи и ручек во прочуениот ресторан Nuvolari. Како посебен подарок по овој повод, Хајмбергер доби и билет за посета на мануфактурата на суперспортскиот Audi R8.

Како изгледа преземањето возило во „Форумот“ погледнете на следното видео. Мал совет: Вклучете го англискиот превод на видеото.

https://youtu.be/X4zeWyjARTI

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој човек блокираше цел автопат за да ја запроси својата девојка

Chevrolet Camaro конечно стана вистински спортски автомобил