за

Chevrolet расте десет квартали по ред

Марката Chevrolet забележа пораст во продажбата и во првото тромесечје од 2013, со околу 1,2 милион продадени возила во светот. Cruze е еден од најзаслужните модели за успехот.

Цели триесет месеци марката Chevrolet ги урива сопствените рекорди на продажба. Голем дел од успехот се должи на семејниот модел Cruze, кој од лансирањето во 2009 година до денес се има продадени во повеќе од два милиона примероци.

Во тек е најагресивната моделска инвазија во историјата на Chevrolet, која што предвидува лансирање на 25 нови и редизајнирани модели наменети за глобалниот пазар, како Spin, Trax, Orlando и Colorado, односно за матичниот пазар, како Corvette Stingray, Silverado и Impala.

Најголем пазар на марката секако е северноамериканскиот, каде во првото тримесечје од 2013 година, Chevrolet продаде 469.000 возила, односно за 4,8 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Потоа следува Кина, со 165.000 возила и плус од 2,5 проценти, пред Бразил, со 141.000 возило, Мексико (44.000) и Аргентина (37.000).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Mondeo со мотор како за Fiesta

Семејно комби брзо колку Lambo