за ,

Новиот Mondeo со мотор како за Fiesta

Моторите се смалуваат, потрошувачката се смалува. Тоа е трендот кај моторите. Ford строго се придржува кон трендот. Во неговиот Mondeo сега работи мотор од 1,5 литар

Еднолитарскиот бензинец со три цилиндри е хит во моделската понуда на Ford. Тојс е вградува во сите можни големини и форми, од Fiesta до Focus C-Max. За големиот и сериозен Mondeo, тој мотор сепак ќе беше премалку. Ford разви поголема верзија на моторот, со четири цилиндри и зафатнина од 1,5 литар, како нов член во семејството мотори Ecoboost.

Исто како кај помалиот мотор, 1,5-литарецот користи директно впрскување на гориво и турбонатполнење. Моторот се нуди во верзии со моќност меѓу 150 и 180 КС, со што го заменува претходните мотори од 1,6 литар и два литри, но е значително поштедлив од нив. Според Ford, новиот мотор троши 20 проценти помалку гориво од претходниот.

За примерната потрошувачка придонесува и примената на варијабилна работа на брегастите вратила. Покрај тоа, во новиот четирицилиндарец за прв пат се користи електронски контролирана спојка за ременскиот погон на пумпата за вода. На тој наин значително се скусува времетраењето на загревањето на моторот.

Верзијата на Mondeo за кинескиот пазар ќе биде прв модел со новиот 1,5-литарец на Ford. Истиот мотор ќе се вградува и во американскиот Ford Fusion, кој е идентичен со Mondeo, односно во европската верзија на Mondeo, чија премиера се очекува догодина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добро Mini добро стресува

Chevrolet расте десет квартали по ред