Chevrolet го најавува новиот Cruze преку соопштение напишано во „Emoji“

За два дена во театарот Филмор во Детроит, во 7 часот попладне по локално време, Chevrolet ќе ја претстави новата генерација на Cruze, и според производителот, светот ќе го обожува овој автомобил. Американско-корејската марка посебно за оваа пригода научи да пишува во „Emoji“.

Официјалното соопштение што вечерва пристигна од Детроит изгледа токму вака:

chevrolet cruze emojis 2016

Кој не умее уште да чита во „Emoji“, еве го и преводот:

Новиот Cruze од 2016 година соединува иновативна технологија, впечатлив дизајн и импресивна ефикасност со спортско возење. Тоа е следната најдобра работа што е измислена по сечениот леб за стилски и социјално поврзани луѓе. Портпарол на Chevrolet изјави: „Сметаме дека новиот Cruze би можел да го промени светот.”

Дизајн: Атлетска градба, стилски и со добар изглед

Технологија: 7 поврзани уреди со достапно 4G LTE Wi-Fi. Кул! Прв во својата класа нуди компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto. Компатибилно со Bluetooth. Екран на допир. Звучници/музика.

Број на седишта: 5 седишта

Потрошувачка на гориво: Cruze од 2015 година постигнува 35 mpg. Cruze од 2016 година ќе нуди уште подобра штедливост, што е одлично. Погледнете само колку време ќе мине додека треба повторно да го наполните својот резервоар повторно!

Безбедност: 10 воздушни перници. Доаѓа стандардно со OnStar за 6 месеци.

Достапно: Наскоро! Доаѓа напролет во 2016.

Достапност: Глобално

На крајот, подгответе се за нови места во вашиот Cruze. Тој располага со технологијата и штедливоста што ви се потребни, заедно со забава во возењето. Подгответе се за вљубување.

Следете #ChevyGoesEmoji за да дознаете повеќе и да се приклучите во забавата!

Претходна објаваFord гледа зад аголот: Камера вградена во предната маска
Следна објаваRenault Megane се подготвува за нов пазарен старт в година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here