за

Car2go продолжува да го освојува светот: Сега и во Бирмингем

Пионерот и лидер во краткотрајното изнајмување коли пушти 250 возила во вториот по големина град во Британија. Една минута користење чини 35 пени, односно 25 денари.

Градот Бирмингем е центар на Вест Мидлендс и има над еден милион жители, односно 2,6 милиони жители со периферијата. Проектот стартува со возен парк од 250 возила Smart Fortwo кои ќе покриваат површина од 54 километри квадратни. На оваа површина на градот ќе може да се изнајми возило и по користењето да се остави на кое било јавно паркиралиште во градот.

Штефан Милер, извршен директор на car2go Europe, објаснува: „Car2go е совршено надополнување на постоечката и изградена мрежа од средства за јавен сообраќај во Бирмингем и убеден сум дека car2go ќе се развива одлично и во овој град.“ Корисниците на car2go од Лондон, каде што проектот стартуваше во декември, исто така ќе можат да ги користат возилата во Бирмингем.

По пријавувањето во системот и по добивањето на картичката со која што се пристапува во возилото и се наплаќа користењето, секој клиент може да ги користи возилата во секое време и времетраење. Бидејќи car2go не предвидува фиксни станици за изнајмување на возилата, тие стојат на располагање низ целиот град и по користењето може наједноставно да се остават на кое било јавно паркиралиште. За користењето се плаќа 35 пени по минута, односно 25 денари по минута, при што во оваа цена се вклучени даноците, осигурувањето, горивото и трошоците за паркинг, со бесплатна релација во вкупна должина од 217 километри. За користење по час или по ден важат повластени рати. Еден час користење на возилата на car2go чини околу 1.100 денари, а цел ден чини околу 4.300 денари.

Бирмингем е 19-от град во кој што е достапен car2go, односно втор во Британија, по престолнината Лондон. На глобално ниво системот опфаќа преку 375.000 корисници и 7.300 возила, од кои 1.000 имаат погон на струја. Од стартот на car2go во 2009 година, возилата се изјамени вкупно 8 милиони пати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Романија ќе ги запленува колите на брзите возачи

Следната генерација на Volkswagen Passat го покажа лицето