БИД испорачувал автомобили од стара моделска година во Австралија

Кинескиот производител БИД се пробива и на австралискиот пазар. Но, електро-специјалистот направи грешка што фрли сенка врз името.

БИД им испорача автомобил од стара моделска година на преку 1.200 купувачи во Австралија. Според објавата на каналот АБЦ Њуз, место возило од моделска година 2026, тие добиле модел од претходната година.

Австралискиот телевизиски канал АБЦ Њуз објави дека грешката е направена главно кај моделот Ато 3, но други медиуми наведуваат дека се погодени и Силајон 8 и пикапот Шарк 6. Грешката ја открил еден клиент, откако тргнал да си договори осигурување за своето возило. Тој се обратил до БИД, а производителот потоа испрати допис до останатите сопственици на автомобилите од старата моделска година.

БИД како надомест ќе ги покрие транспортните тршоци

Реакцијата на БИД предизвика дополнителна вознемиреност меѓу купувачите. Производителот им понудил отштета во висина од 1.100 австралиски долари, што одговара со висината на транспортните трошоци што ги наплаќаат дилерите.

Тоа не ги задоволи оштетените купувачи. Нив повеќе ги загрижува намалувањето на вредноста на нивниот автомобил, што при продажба во иднина ќе чини помалку, затоа што е од постара моделска година.

Стотици купувачи го искажаа своето незадоволство на друштвените мрежи и случајот на крај дојде до организацијата за заштита на правата на потрошувачите. Оттаму оценија дека постои основа случајот да се води како измама на купувачите, затоа што испорачаниот производ не одговара на описот во купопродажниот договор.

БИД повторно реагираше откако притисокот од јавноста се закани дека трајно ќе биде оштетен имиџот на кинескиот производител. Купувачите имаат три избори: Да го вратат возилото и да им се испорача модел од 2026 година, да го задржат возилото и да добијат отштета од 1.100 долари или да добијат целосен поврат на пари.

Претставник на БИД наведе дека се работи за административен пропуст. Проблемот настанал поради тоа што место вистинскиот датум на производство бил внесен датумот на излегување на возилото од фабрика. Производителот немал намера да мами. Од гледиште на техниката, возилата биле идентични.

Претходна објаваМерцедес расте насекаде, единствено Кина кочи
Следна објаваЕлектрична Шкода побрза од Тестароса, Ламбо, Порше

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here