Домот на Bugatti во Монако има нова адреса. Отворањето на новиот салон се поклопува со пристигањето на Chiron, но заедно со автомобилите во салонот има и неколку изненадувања. Подеднакво скапи.
Bugatti Chiron, што е скратено од најсилниот, најбрзиот, најлуксузниот и најексклузивниот суперспортски автомобил од сериско производство во светот, пристигна во Монако да го одбележи отворањето на новиот салон на марката, сместен во срцето на кнежеството. Салонот се наоѓа во приземјето на прочуениот „Фермонт Хотел“ и покрај автомобили, во него се наоѓа и бутик за ексклузивна облека и прибор. Монте Карло е третиот салон на Bugatti во светот, по Токио и Минхен, кој под ист покрив ја содржи и понудата на бутикот. Партнер на Bugatti на Азурниот Брег е Monaco Luxury Group, официјален дилер на марката од октомври 2013. Моментно Bugatti има 32 дилери во 17 држави.
Доктор Стефан Брунгс, прв човек за продажба и маркетинг на Bugatti, ја појаснува гордоста од салонот во кнежевството: „Монако е нераздвојно поврзан со историјата на Bugatti. Луј Широн, по когошто е наречен нашиот нов суперспортски автомобил, роден е тука и стана легенда победувајќи на трката за големата награда на Монако во 1931 година.“
Мебелот во салонот е со истите материјали и стил како во моделите на Bugatti
Ѕвездата Bugatti Chiron се наоѓа веднаш на влезот во салонот, во амбиент во сината боја на марката и во стил на прецизни линии и чисти површини. Хоризонталната лента по ѕидот прикажува информации и слики од моделот, како и историски моменти на марката. Архитектите се потрудиле во салонот да ги пренесат вредностите на уметноста, формата, техниката и возвишеноста од седиштето на Bugatti во Молсхајм, Алзас.
Клиентите можат да го конфигурираат нивниот иден Bugatti преку iPad или таблет, седнати во салон од најлуксузен вид. Мебелот потекнува од неодамна лансираната домашна колекција на мебел на Bugatti. Фотелјите, на пример, изработени се од најблагородна кожа, со сини карбонски влакна и други материјали кои претставуваат мајсторски предизвик и обично се наоѓаат во моделите на Bugatti. На страниците е втиснато логото EB.
Во продолжение на салонот се наоѓа Ettore Bugatti Collection, изработена рачно во Италија, со користење на најексклузивни материјали. Понудата опфаќа часовници и прибор од Parmigiani Fleurier, прибор за пишување од Montegrappa или стаклени уметнички предмети од Lalique. Вакви бутици може да се најдат само на пет места во светот: Во Милано, Лондон, Токио, Минхен, а сега и Монако.