Bugatti Chiron побрз од сите тркачки болиди на Леман

Прво појавување на Bugatti Chiron пред француската публика и спектакл уште од старт. Со 380 km/h, „најавтомобилот“ на денешницата, во парадно возење на Леман беше побрз од сите тркачки болиди на патеката.

Викендов Bugatti се врати на патеката кадешто француската суперспортска марка ги прослави двата најголеми тркачки триумфи во историјата. Bugatti победи на Леман во 1937 и 1939 година. Во таа чест, Bugatti го пушти Chiron на „Circuit des 24 Heures“, да парадира пред 250-илјадната публика, како „најмоќен, најбрз, најексклузивен и најлуксузен сериски автомобил во светот.“

Честа да ги демонстрира способностите на Chiron му припадна на шефот Волфганг Дирхајмер. Со постигната крајна брзина од близу 380 километри на час, Bugatti беше побрз (на правец) од сите болиди што учествуваа во легендарната трка.

Со моќност од 1.500 КС што е повеќе од кој било друг сериски автомобил и вртежен момент од 1.600 њутнметри во подрачјето меѓу 2.000 и 6.000 вртежи, како и со бројните технички иновации, Chiron поставува нови стандарди во секој поглед. Крајната брзина изнесува 420 km/h. Француската марка ќе произведе само 500 примероци од моделот. Во моментов има нарачки за над 200 примероци. Основната цена изнесува 2,4 милиони евра, а испораката стартува наесен.

[FAG id=24898]

Претходна објаваДали фабричкиот дефект на Jeep го усмрте Антон Јелчин?
Следна објаваОвие автомобили се најдобри за влечење приколка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here