за

Овие автомобили се најдобри за влечење приколка

Британски експерти проверуваа кои од 40-те автомобили во изборот за годинава се најдобри за влечење приколка. За јубилејот се гласаше и за најдобриот влекач во изминативе десет години.

Вкупно 41 модели учествуваа во изборот на Британците за најдобар автомобил за влечење за оваа година. Автомобилите се поделени во пет категории според тежината, почнувајќи од најлесните возила со тежина до 1,4 тон, до најтешките со преку 1,9 тон. Десетта година по ред, уредниците на неколку британски магазини, специјализирани на тема кампирање, избираат модели што се издвојуваат со способностите при влечење приколка.

Обемни тестирања ги прават резултатите од изборот веродостојни и корисни за возачите што имаат пасија за минување одмор во приколка за кампување. Уредници од три британски магазини, вклучувајќи го и What Car? во изминативе десет години тестираа над 440 возила

Автомобилите на тестирањето влечат приколка чијашто тежина достигнува до 85 проценти од нивната тежина. Уредите за стабилизација на приколката се отстрануваат, за експертите да можат да почувствуваат кога ќе се појави нестабилност. Цела серија тестирања е предвидена, за резултатите да бидат колку е можно поверодостојни. На патека за тестирање се проверува стабилноста над дозволената брзина, се вози слалом и се изведува нагло избегнување пречка, се забрзува и се запира силно, а на крај следува и поаѓање на стрмна нагорнина.

Tow Car of the Decade - Land Rover Discovery 4

Покрај „влекачките“ способности, британските експерти не пропуштаат да ги проверат и можностите на возилото за сместување на вообичаениот багаж за годишен одмор, како и да ги оценат оперативните трошоци, противвредноста и возните својства кога кандидатите не се впрегнати.

Неколку марки се имаат издвоено уште во претходните години на изборот и во составот на победничките имиња нема поголеми изненадувања, со исклучок на Honda и Suzuki, како нови имиња меѓу победниците годинава.

Ова се најдобрите автомобили за влечење приколка во одделни категории:

  • Лесни возила: Suzuki Vitara 1.4 Boosterjet Allgrip S
  • Автомобил со бензински мотор: Ford Mondeo Vignale 2.0 EcoBoost auto (240 КС)
  • Најдобар ван: Seat Alhambra 2.0 TDI SE Lux DSG (184 КС)
  • Најеколошки автомобил: Kia Cee’d Sportswagon 1.6 CRDi (136 КС)

Победници по класа на тежина:

  • До 1400 kg: Honda HR-V 1.6 i-DTEC SE
  • Од 1400 до 1549 kg: Skoda Superb 2.0 TDI SE Business (150 КС)
  • Од 1550 до 1699 kg: Jaguar XF 2.0 i4D Prestige auto (180 КС)
  • Од 1700 до 1899 kg: Land Rover Discovery Sport TD4 SE Tech auto (180 КС)
  • Над 1900 kg: Land Rover Discovery 3.0 SDV6 Graphite (256 КС)

Севкупен победник:

Skoda Superb 2.0 TDI SE Business (150PS)

Најдобар автомобил за влечење приколка во изминатава декада:

Land Rover Discovery 4

[FAG id=24828]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Chiron побрз од сите тркачки болиди на Леман

Renault пред 110 години го освои првото „Гран При“ во историјата