Bosch останува најголем добавувач на автоиндустријата

Со промет од 40,2 милијарди долари во минатата година, германскиот гигант го задржува првото место на светската листа на најголеми добавувачи за автомобилската индустрија.

Предноста на најголемиот светски добавувач за автоиндустријата се зголемува во однос на вечниот ривал Denso. Во минатата година Bosch забележа промет од вкупно 40,2 милијарди долари, додека јапонскиот ривал Denso ја заврши годината со 35,8 милијарди долари. Една година порано, разликата меѓу Bosch и јапонскиот специјалист за електроникаизнесуваше само 2,6 милијарди долари. Во прометот влегуваат само компонентите од прво вградување, не вклучувајќи го пазарот со резервни делови.

Доколку се реализираше превзмањето на американскиот добавувач TRW од страна на германскиот ZF Friedrichshafen, со нивниот заеднички промет од 36,6 милијарди долари ќе произлезеше новиот број 2 во браншата. Bosch во минатата година вложи околу 4,5 милијарди евра во истражување и развој на новите конекциски технологии и пријави околу 5.000 патенти, што во иднина ќе му донесе нови милијарди евра во прометот.

На третото место на најголемите добавувачи е канадскиот концерн Magna со промет од опрема за прво вградување во вредност од 34,4 милијарди долари, а по него следува Continental со 33,5 милијарди долари.

Претходна објаваПовеќе од 8.000 примероци од првиот Mini уште возат во Британија
Следна објаваПроизведен шестмилионитиот Audi со погон quattro

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here