за ,

Повеќе од 8.000 примероци од првиот Mini уште возат во Британија

На британските патишта уште се возат 8.176 примероци од оригиналниот Mini, додека од наследникот Mini Metro под марките Austin и Rover, иако од понова продукција, се останати само околу 3.000 примероци.

На патиштата во Велика Британија можат да се сретнат 34 различни моделски изведби на Austin Mini, а неколку од нив се останати во само неколку примероци, како Austin Mini 850 Van или Mini SPL. Наспроти тоа, од непопуларниот и слабо изработен наследник Metro, произведуван под знакот на Austin и Rover, се водат како регистрирани само 3.261 примерок, во зачудувачки голем на моделски изведби, дури 77. Некои од нив исто така се пред истребување. Постои само еден Austin Metro HL и два примерока од Rover Metro MG Turbo.

Откако германскиот BMW го презеде Mini, во Британија се возат околу половина милион примероци од новите генерации на култниот модел. Најексклузивен примерок е Mini One Soho Clubman Auto, регистриран во декември 2013. Од модерниотMini постојат 206 различни изведби. Многу производители се обидоа да го повторат успехот со „реинкарнацијата“ на Mini, некои успеаја во тоа повеќе, некои помалку. Fiat 500 е најсериозниот конкурент како ретро-изведба, додека Opel Adam повеќе се поставува како алтернатива без директен историски претходник.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на Bugatti Veyron SS може да добие хибриден погон

Bosch останува најголем добавувач на автоиндустријата