за

BMW i8 за гостите на луксузниот хотел Peninsula Shanghai

Хотелот што е синоним за луксузното сместување во Шангај отсега го има и спортскиот хибрид BMW i8 во понудата од возила за своите гости. Јавните полначи за струја пред хотелот се подразбираат.

Гостите на прочуениот хотел The Peninsula Shanghai отсега и самите ќе можат да го искусат возењето на струја, откако во возниот парк на хотелот се придружи спортското купе со хибриден погон BMW i8. Овој чекор е дел од стратегијата на групацијата BMW за популаризација на еколошката мобилност. Хотелот исто така ја подржува стратегијата на својот долгогодишен автомобилски партнер и инсталираше јавно достапни полначи за струја за сите видови приклучоци.

Баварскиот производител лани испорача BMW i3 за Kempinski Hotel Beijing, во насока на промовирање на електромобилноста во големата азиска земја. Групацијата учествува во изградбата на јавни полначи за струја низ целата држава и соработува со најголемите државни претпријатија во Кина. Приватните купувачи на електричните автомобили на BMW добиваат бесплатни полначи за струја i-wall, вклучувајќи и инсталација во домот, а самите дилери на германската марка се обврзани да обезбедат соодветен пристап до полнач за струја за секој клиент на BMW i.

Од 2014 година, BMW продаде преку 4.000 примероци од спортскиот автомобил со хибриден погон. BMW i8 е најеколошки спортски автомобил и прв хибрид со надворешно полнење на баварската куќа. Rolls-Royce, BMW и Mini се користат за лимузински сервис во целиот синџир на The Peninsula Hotels во светот.

bmw peninsula shanghai

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен камион од 40 тони разнесува товар за BMW

Lotus подготвува родстер верзија од Evora 400